fbpx
ВестиВино

Ќе се заштитуваат грозјето „Станушина” и производите од него

Ќе се заштитува винската сорта грозје „Станушина” како стара и автохтона тиквешка сорта, но и производите добиени  од неа, ова било соопштено на манифестацијата “Тера мадре” во Албанија, настан организиран во рамките на меѓународната “Слоу фуд” организација.

kje se zashtituvaat grozjeto stanushina i proizvodite od nego

 

За средбата на која учествувале повеќе земји, денеска во Кавадарци информираше Зоран Станоев-Дејзи, координатор на Слоу фуд „Тиквеш“.

– Се претставивме со најдобрите вина, ракии, гроздов сок, ајвари, домашно слатко и други автохтони производи. Штандот на Слоу фуд „Тиквеш“ беше најпосетувана дестинација на средбата во Тирана, а посебен интерес  и задоволство покажаа од Министерството за култура на Албанија, поради што на нашите претставници им беше овозможена посета на ова Министерство, соопшти  Станоев.

Тој истакна дека тиквешкиот штанд го посетил и Карло Пертини,  основач на „Слоу фуд” организацијата.

– Сега треба да ги организираме сите лозари и винари кои произведуваат грозје и производи  од оваа сорта. Со тоа  ќе биде постигната основната цел, оваа сорта да биде заштитена за подрачјето на Кавадарци и Тиквешијата, нагласи Станоев.

Тој додаде дека во рамките на „Слоу фуд”, од Тиквешкиот регион, претходно била заштитена и жолтата лозова ракија.

– Од 2010 година, „Тера Мадре Балкан” се бори за да ги зачува гастрономските традиции и биодиверзитетот на храна во еден од Европските најфасцинантни и најмалку познати региони. Во Балканските земји, „Слоу Фуд” и „Тера Мадре” мрежата имаат повеќе од 1 500 членови, информираше Станоев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close