Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата го изгласа буџетот за 2022, поради изборниот молк ќе биде објавен денеска

Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција.

Владата во саботата, за време на изборниот молк го изгласа буџетот за 2022 година. Како што се вели во владиното соопштение, информацијата за одобрениот буџет е објавена денеска бидејќи во саботата беше изборен молк. Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.

Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција.

Усвоениот Предлог-буџет, заедно со утврдениот Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2022 година, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во владиното соопштение.

 

Поврзани новости

Back to top button