fbpx
Вести

Активности за заштита на Струмица и Црна Река од поплави

Ова го соопшти директорот на Водостопанство на РМ Ромео Тренов на координативниот состанок на Југоисточниот плански регион во Струмица за ризикот од поплави.

aktivnosti za zashtita na strumica i crna reka od poplavi

– Овој проект е готов и се вршат анализи за финансирање. Планираме да се спроведува три години. Ова се однесува за само еден дел од течението на реката Струмица. Почнавме од најнискиот во согласност со експертиските совети да одиме кон највисокиот дел. За санирање на целото течение од Радовциш до Бугарија потребен е покомплексен долгогодишен проект кој веќе го подготвуваме. Со негова имплементација ќе овозможиме долгорочно решение, а не како досега секоја година инцидентно да интервенираме. Гарантираме дека со едно вакво решение дваесетгодишните води може да бидат примени без проблем, истакна Тренов.

Паралелно со реката Струмица, ова претпријатие работи на заштита на реката Црна, каде според Тренов, санирани се 80 проценти од ризичните места со најава во текот на годината да ги завршат сите. Активностите со 60 илјади евра ги финансира АД „Водостопанство на РМ“, во соработка со Општина Новаци.

Тренов посочи дека во југоисточниот дел реката Струмица по сиот нејзин тек е најкритичната точка која не успева докрај да ги задржи надојдените води, кои последниве две години се излеваат во струмичкото поле.

-Затворени се четири пробиени насипи од Анѓелци до Добрашински Мост, чистеме на Моноспитовски канал и од Зубовски Мост до Моноспитовски канал во должина од околу 1000 метри преку Управата за водостопанство. Лани имавме ризик на излевање кај Моноспитовски канал и таму интервенцијата беше во должина од 600 метри. Преку УНДП чистиме од Зубовски Мост кон исток кон Ново Село. Тоа се најризичните точки, вели Тренов.

За навремена заштита и управување со ризици потребна е заедничка координација, истакнуваат од Центарот за управување со кризи.

– Најкарактеристични опасности во овој период се поплавите од топење снег и можни поројни дождови кои дополнително предизвикуваат одрони на земјиштата, лизгање на теренот. Моќни се и екстремно студени бранови, како што се случи лани, кога одредени села беа пресечени. Подобра координација и комуникација меѓу сите инволвирани, како и почесто користење на бесплатниот број 195 од сите граѓани може да доведе до брза и навремена реакција при евентуални ризици и опасности, вели Душко Петровски, раководител на Сектор за операција и координација при Центар за управување со кризи.

Претставниците на локалните единици и Центарот за управување со кризи на состанокот одржан по заклучокот на Владата на РМ,  разговараа за сите можни ризици и опасности карактеристични за зимскиот и пролетниот период, подготвеноста на институциите, навременото известување, комуникацијата и координацијата меѓу ЦУК и субјектите во системот за управување со кризи како на локално така и на национално ниво, размената на оперативните планови помеѓу субјектите во ЦУК, активностите од Акцискиот план за чистење на реките и речните корита и други прашања со кои секојдневно се соочуваат како граѓаните така и субјектите во самите општини.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close