fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата ја донесе Програмата на економски реформи 2022 – 2024 година

Идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста и растот на економијата.

Владата на  осмата седница ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во која се идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста и растот на економијата.

Со усвоената Програма, како што соопшти владината Прес-служба, следниот тригодишен период фокусот ќе биде ставен на зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување зелена транзиција, како и подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија, нивна интеграција во глобалните вредносни синџири и формализација на економијата.

– Новина во Програмата на економски реформи 2022-2024 се реформите во животната средина во делот на Зелена транзиција, а коишто се однесуваат на справување со цврстиот отпад и отпадните води. Еден од клучните предизвици е енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, се додава во соопштението од владината седница.https://nezavisen.mk/vladata-ja-donese-programata-na-ekonomski-reformi-2022-2024-godina/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close