fbpx
ВестиТоп вести

Владата ја одобри програмата за финансиска поддршка за жените од рурални средини

На денешната 136. седница Владата го прифати предлогот на Министерството за земјоделство, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и UN Woman, за програма за изменување на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.

Како што информираат од владината-прес служба, во насока на поддршка на жените од руралните средини, со измената се предвидува поддршка во вид на неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции кои што ќе придонесат за развој на руралните средини.

 


 

makfax

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close