fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Итни мерки за борба против инфлацијата

Треба да се преземе итна акција за борба против инфлацијата, бидејќи екстремно неизвесната глобална економска перспектива може да се влоши ако продолжат повисоките цени – нагласуваат од ММФ.

ММФ И ЕКСПЕРТИТЕ СО ЈАСНИ ПРЕПОРАКИ

Инфлацијата во земјава зема сѐ поголем замав и доколку не се преземат сериозни и навремени мерки, тоа може да доведе до уште подлабока економска криза. Државниот завод за статистика измери нов рекорд на инфлацијата од високи 14,5 отсто во јуни годинава, но економистите велат дека реално таа е повисока и изнесува околу 20 отсто.
Од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) велат дека сите знаци укажуваат дека инфлацијата во Европа сѐ уште не е под контрола и заклучи дека е најважно да се воспостави контрола над неа, во спротивно ќе се намалат приходите, а тоа најмногу ќе ги погоди најсиромашните делови на светот.
– Треба да се преземе итна акција за борба против инфлацијата, бидејќи екстремно неизвесната глобална економска перспектива може да се влоши ако продолжат повисоките цени – нагласуваат од ММФ.
Оттаму додаваат дека инфлацијата во светот, најверојатно, ќе се скроти следната година кога ќе почне да стапува во сила зголемувањето на каматните стапки.
– Глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година и дури тогаш „вжештените“ цени ќе почнат да се ладат како одговор на активностите на централните банки. Тие ги засилуваат мерките за контрола на инфлацијата и тоа е приоритет – велат од ММФ.
Народната банка на Македонија досега четири пати ја зголемуваше основната камата, доведувајќи ја до ниво од 2,5 отсто. Монетарните потези за затегнување на политиката се во обид да се заузда растечката инфлација во земјава и речиси сите централни банки во Европа носат слични мерки. Најголемиот дел од домашната инфлација е резултат на притисокот од увозните цени на храната и енергијата, кои досега растат посилно од очекуваното. Од Народната банка велат дека овие притисоци брзо се прелеваат врз цените и на другите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања.

– Поради растот на цените на примарните производи на светските берзи и застоите во синџирите за снабдување, кои влијаат и на другите видови производи, инфлацијата и натаму бележи нагорни движења, како во светски рамки така и во нашата економија, која е во голема мера зависна од увоз. Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, од последниот квартал минатата година, па наваму, придонесуваат за намалување на ликвидноста, а за да се одржи нејзиното оптимално ниво се користат и другите инструменти. Народната банка продолжува со постепеното нормализирање на монетарната политика за одржување на среднорочната ценовна стабилност, преку понатамошно зголемување на основната каматна стапка. На последната седницата на комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,50 процентни поени, до нивото од 2,5 отсто – истакнуваат надлежните од Народната банка.
Оттаму посочуваат дека при носењето на одлуката, особено биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата.
– Најголемиот дел од домашната инфлација е резултат на притисокот од увозните цени на храната и енергијата, кои досега растат посилно од очекуваното. Овие притисоци брзо се прелеваат врз цените и на другите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања. Најновите податоци и очекувања на светските пазари навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци. Имено, за првпат по извесно време очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу. Наедно, и кај цените на нафтата и кај цените на храната се очекува стабилизирање во втората половина на 2022 година, а потоа и нивно намалување. Сепак, неизвесноста од идните движења на цените на енергијата и храната е нагласена поради воените случувања во Украина – укажуваат од Народната банка.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/itni-merki-za-borba-protiv-inflacijata/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close