fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата почна со собирање на забелешките за Законот со кој ќе се продава државно земјоделско земјиште

Приоритет во добивањето на државно земјоделско земјиште ќе имаат актуелните концесионери

50.000 хектари државно земјоделско земјиште владата ќе стави на продажба. Парцелите ќе се продаваат на јавен оглас, а на лицитацијата почетната цена ќе се движи од 20 до 60 денари, во зависност од класата на земјиштето. Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа за Алсат вели, приоритет во добивањето на државно земјоделско земјиште ќе имаат актуелните концесионери.

„Апсолутно, концесионерите ќе имаат предност. Бидејќи тие веќе го работат земјиштето, и тоа на долги години имаат земено, и зависно од културата која ја работат, и врз основа на тоа земјиштето кое го имаат под закуп ќе имаат предност пред другите“, рече Аријанит Хоџа, Министер за земјоделство.

Освен концесионерите, државно земјоделско земјиште ќе може да купат сите правни и физички лица. Ова не важи за странците и за компаниите со над 50 отсто странски капитал. Земјиштето треба да го користат најмалку 10 години и него да го користат согласно бизнис планот со кој аплицирале. Може и да изградат објект на парцелата, но тој да биде во согласност со дејноста. По тој период земјиштето ќе може да го продава. Доколку се утврди дека корисникот на земјиштето не игра по правилата, ќе му биде одземено и ќе плати висока парична казна.

„Му се раскинува договорот за закуп, ќе има посебна постапка за тоа, ќе треба да ги врати средствата за тоа што направил штета дополнително. Значи државата нема да загуби ништо. Значи, некој што сакал да купи земјоделско земјиште, а не го обработил за тоа што пропишува проектот тоа ќе биде санкционирано и земјоделското земјиште ќе се врати во сопственост на државата“, додава Хоџа.

Првичната верзија на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште е прикачена на Единствениот национален електронски регистар на прописи, ЕНЕР. Сега надлежните очекуваат инволвираните да доставуваат мислења и ставови за драфт верзијата. Според очекувањата на властите, Законот може да биде готов најдоцна до јули годинава.https://alsat.mk/mk/vladata-pochna-so-sobirane-na-zabeleshkite-za-zakonot-so-koj-ke-se-prodava-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close