fbpx
Вести

Фабриката за чипс во Кравари, одлична можност за производителите на компир

Завчера во битолското село Кравари беше пуштена во работа фабриката за производство на чипс, браундфилд инвестиција на Горданчо Мирчевски, повратник од Австралија.

„Инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, а во неколку години е планирано да се вработат околу 100 лица. Ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи индиректни работни места, соработка со домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонски производители“, истакна премиерот Никола Груевски.

fabrikata za chips vo kravari odlichna mozhnost za proizvoditelite na kompir

 

Според министерот за странски инвестиции, Бил Павлевски, фабриката за чипс посебно ќе биде интересна за земјоделците, производители на компир од коишто ќе се врши директен откуп на суровината потребна за производство на чипс од свеж компир.

„Оваа инвестиција ќе значи заживување и економски просперитет, не само за жителите на Кравари, туку и за околните рурални средини во битолскиот регион и за намалување на стапката на невработеност“, рече Павлевски.

Инвеститорот Мирчевски посочи дека бил поттикнат да инвестира во Македонија поради добрите услови за водење бизнис. „Ќе произведуваме чипс, кој засега во Македонија се обезбедува само од увоз, иако државата е голем производител на компири. Имаме намера да обезбедиме преработка на пет илјади тони компири годишно. Чипсот во прво време ќе се продава на пазарот во Македонија, a потоа и ќе се извезува на пазарите во Европа, но и во Австралија“, рече Мирчевски.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close