fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

Линеарно зголемување по 5.000 денари на пензиите.

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите.

-Кон крајот на неделата ќе се одржи првата седница на Владата. Донесени ќе бидат неколку одлуки, повеќето формални, но почнуваме да работиме и на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. Тоа што го ветивме во предизборието – во првата година да имаме линеарно зголемување по 5 000 денари на пензиите. Почнуваме со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска. Утре или денот потоа ќе имаме работен состанок кај мене, почнуваме да го драфтираме овој закон кој набргу ќе се најде во Палрламентот. Новата Влада ќе гради онаму каде нејзините претхоници оставија неуспешни проекти и споменици на едно лошо, корумпирано време. Нема да се случува голобради момчиња да купуваат трговски центри во главниот град, нема да се случуваат ролс ројс возила, ниту фудбалчиња по канбиенти и неуспешни проекти во делот на производството на марихуана, туку ќе го правиме она што го ветивме пред граѓаните, подвлече Мицкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close