fbpx
Вести

Владата усвои Меморандум за соработка во областа на земјоделството со Босна и Херцеговина

vlada

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, за соработка во областа на земјоделството и руралниот развој, за што висока владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев за неколку дена ќе биде во официјална работна посета на Сараево.

Меморандумот олеснува Македонија и Босна и Херцеговина поедноставно да соработуваат околу  можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, што е важно за двете земји, како и во однос на евро-интеграциските процеси во оваа област, преку размена на искуства и техничка помош, размена на искуства во областа на управувањето со шумите, управувањето со водите и наводнувањето, оформување земјиште во државна сопственост за јавни потреби, активирање некористено и неатрактивно земјиште во државна сопственост.

Владата ја разгледа и усвои Информација за штетите од невремето на 15 јули во Струмичко-радовишкиот регион, врз земјоделски култури. Задолжено е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формира комисии што ќе извршат увид за утврдување на настанатите штети, по поднесени барања во периодот од 18.07.2017 до 30.07.2017 година, до подрачните единици при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close