fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Власта ќе ги оданочува и штедните влогови на граѓаните во банките, пишува Република

Граѓаните во македонските банки чуваат околу 220 милијарди денари кои со измените би се оданочувале.

Власта е решена да удри по граѓаните. Она што подолго време се говори најверојатно ќе се оствари. Најновиот удар ќе биде по штедните влогови кои граѓаните ги имаат во банките кои ќе се оданочуваат. Ова било најавено на средбата на директорката на УЈП Сања Лукаревска, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Царина Славица Кутиров каде се дискутирало за даночните реформи.Граѓаните во македонските банки чуваат околу 220 милијарди денари кои со измените би се оданочувале, пишува Република .https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-kje-gi-odanochuva-i-shtednite-vlogovi-na-gragjanite-vo-bankite/

Директорката на УЈП Сања Лукаревска на својот Фб објави-Транспарентно, партнерски, заедно со министерот за финансиии ,Фатмир Бесими и директорката на Царинската управа , Славица Кутиров пред бизнис заедницата го претставивме концептот на даночни реформи.
Со редизајн на системот, обезбедуваме праведен и транспарентен даночен систем кој ќе придонесе за подобра наплата на приходите, зголемена даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и воведување на зелено (еколошко) оданочување.
На овој начин, преку современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, создаваме услови на забрзан, инклузивен и оддржлив економски раст.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close