ПРОТЕСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЈАБОЛКА ОД ПРЕСПА

Со трактори и жив штит, околу 2.000 производителите на јаболка од Преспа два часа денеска го блокираа магистралниот пат Битола-Ресен кај месноста Макази.Се жалат на лош пласман и бараат мерката на Владата со која се субвенционираа индустриските јаболка со три денари за килограм, а која важеше од октомври до 25 декември лани, да продолжи годинава до 30 јуни. До крајот на март годинава да им се исплатат субвенциите за минатата година, а до 30 јуни и парите од интерветната мерка за јаболката откупени од октомври до 25 декември лани.Бараат средба со премиерот Заев и министерот за земјоделство Николовски и порачуваат дека Ако за десет дена не добијат одговор на овие барања ќе преземат порадикални мерки.

Овоштарите велат скоро половина од јаболката од минатогодишната реколта или 50 000 тони висат непродадени.Дополнително информираат дека во ладилникот во Ресен збира само 5.000 тони, а другите се чуваат во магацини без потребните услови кои пролетта ќе почнат да скапуваат.

Од Министерството за земјоделие пак велат дека укинувањето на субвенцијата за килограм предадено јаболка е направена по барање на дел од овоштарите кои протестираат и истата е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка. Од министерството наведуваат дека финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал.


 

24mk

Share Button