fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ бара да се субвенционираат трошоците за струја со 250 милиони евра

Најпрво, бараме да се предвидат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација.

Владо Мисајловски, во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара да се закаже седница на Собранието на која ќе се донесе одлука за продолжување на енергетската кризна состојба.

-Со оглед на тоа дека на сила е Одлука на Владата за енергетска кризна состојба донесена на 9 ноември со рок на траење од 30 дена, истата би требала да заврши на 8 декември. Имено, повеќе од јасно е дека енергетската криза ќе трае подолго од 30 дена и дека ќе треба согласно закон да биде продолжена.

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека граѓаните не смеат да битад жртви на неизвесноста од тоа кој има мнозинство во Собранието на Република Македонија и затоа бараме да се закаже седница на која ќе биде продолжена енергетската кризна состојба, а ние како пратеничка група со нашето присуство ќе помогнеме за обезбедување на кворум за истата.

За таа цел бидејќи сметаме дека Владата неуспешно се справува со оваа криза сакаме да поставиме два услови за самата седница.Најпрво, бараме да се предвидат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација.Како второ, бараме да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот до па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија. Овие средства да бидат обезбедени од Владата и на тој начин да се помогне компаниите и на граѓаните .

Сметаме дека ситуацијата е крајно сериозна и не смееме да дозволиме оваа енергетска криза дополнително да го загрозува стандардот на граѓаните кои и онака е лош со оглед на тоа дека веќе две години сме соочени и со здравствена криза која дополнително го влошува животот на граѓаните, порача Мисајловски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close