fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за намалување на акцизата на горивата

„Чекавме владата да се вразуми и самата да ги намали акцизите, но бидејќи тоа очигледно не се случува, деновите кои што следат ќе има таков предлог“, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  најави дека неговата партија ќе поднесе предлог закон за намалување на акцизата за горива бидејќи „ Владата не е разумна самата да ги намали акцизите на горивата“.

„Чекавме владата да се вразуми и самата да ги намали акцизите, но бидејќи тоа очигледно не се случува, деновите кои што следат ќе има таков предлог“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски исто така тврди дека сметките за струја на општините се 4 до 5 пати повисоки, а во услови на енергетска криза власта за прв пат ги намалила дотациите кон општините, според него од политички причини – бидејќи биле поразени на изборите.

–  Енергетската криза е од минатата година кога се подготвуваше буџетот. Сериозна влада, која мисли на народот, знае дека ќе се случува енергетска криза и наместо истата да ја злоупотребуваат за договори во  четири очи во РЕК Битола, а провизиите да завршуваат во се подебели куферчиња кај фамилијата, требаше да води сметка како да ги зголеми дотациите во општините до буџетот, рече Мицкоски.

Мицкоски појасни дека од 2018 до 2021 година дотациите од централниот буџет до секоја општина растеле секоја година, дури една година пораснале за 34 милиони евра, а оваа година се помали, и тоа од 316 на 312 милиони евра во услови на енергетска криза, ковид пандемија, економска криза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close