fbpx
ВестиТоп вести

Двојно повеќе, 20.000 евра за млади земјоделци од програмата за рурален развој

Средствата преку програмата за рурален развој, наменети за младите земјоделци се зголемуваат од 10 000 на 20 000 евра. Новина е и начинот на одобрување на средствата, односно, апликантот мора да подготви и поднесе одржлив проект.

– Кога ќе се види дека тој млад земјоделец навистина сака да се занимава со земјоделие, тогаш парите ќе му бидат одобрени.  За наши услови, 20 000 евра за еден млад земјоделец, за почеток не се малку-изјави ЕФТИМ ШАКЛЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ НА МАКЕДОНИЈА

Шаклев додава дека бранот на иселување на младите од земјата нема да се запре со оваа мерка, зашто тоа е тренд на целиот Балкан, меѓутоа, ќе има влијание врз депопулацијата на руралните средини и миграцијата на релација село-град.

– Оние што веќе живеат на село, што се определиле да живеат на село, позитивно ќе ја искористат оваа мерка, изјави Шаклев

– Треба да ги поттикне државата, за да имаат младите воља да работат- изјави ТРАЈЧЕ ТРАЈАНОВ, МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ-С. КРУПИШТЕ, ШТИПСКО

Просечната старост на македонските земјоделци е околу 50 години.  На последниот оглас за субвенционирање се пријавиле 1045 млади земјоделци на ниво на државата.

извор: сител

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close