fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на Николовски-Владата успешно ги реализира реформите во шумарството

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека е воспоставен нов веб-базиран Интегриран информациски систем за шуми (ИФИС), со кој ќе се спречува нелегалната сеча, а ЈП „Национални шуми“ е во завршна фаза на набавка на техничка опрема за електронска испратница.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција на ставовите на ексминистерот за земјоделство Љупчо Николовски, околу реформите во шумарскиот сектор.

„Николовски да не манипулира, граѓаните ги видоа ‘реформите’ на СДСМ и ДУИ кои ги осиромашија и уназадија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ги реализира реформите во шумскиот сектор“, велат од партијата.

Во реакцијата се наведува дека законот за шуми, кој во времето на Николовски бил предмет на бројни критики од експерти, е преработен и усогласен со европските регулативи, а новиот текст е поставен на ЕНЕР и закажана е јавна расправа за 15 октомври.

„За период август 2024 – април 2025 над 106.000 хектари шуми управувани од државата се сертифицирани, што претставува значајна пресвртница во усогласувањето со глобалните стандарди за одржливост. Македонија доби PEFC признавање на својата национална сертификација на шуми, иако до август 2024 процесот воопшто не беше започнат“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека е воспоставен нов веб-базиран Интегриран информациски систем за шуми (ИФИС), со кој ќе се спречува нелегалната сеча, а ЈП „Национални шуми“ е во завршна фаза на набавка на техничка опрема за електронска испратница.

„Проектот за шумарство успешно беше затворен на 24 јуни 2025 година. Реформите во секторот успешно се реализираат и наскоро јавноста ќе биде запознаена со сите резултати. Сите лаги на СДС се распаѓаат како кула од карти“, додаваат од партијата.

Тие порачаа дека „Љупчо Николовски и Венко Филипче треба да си ги спакуваат коферите за длабока политичка пензија“. – Скопје1.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close