вести

Внимателно со земјоделските активности под далноводите

„ЕВН Македонија” апелира земјоделците внимателно да ракуваат со земјоделската механизација и опремата во близина на далноводите од дистрибутивната мрежа. Особено внимателни треба да бидат додека ракуваат со опремата за наводнување.

далновод

Извршување на земјоделски активности под електричните водови треба да се избегнува, односно да се ограничи само на оние што мора да бидат изведувани и во таков случај задолжително треба да се преземат мерки за безбедност. Металната опрема како што се цевки за наводнување и разни видови прскалки, во никој случај не смее да дојде во директен допир или да се приближува до спроводниците од надземните водови. He смее да се поставуваат метални цевки за наводнување паралелно со трасата на надземниот вод и при наводнување, задолжително да се избегнува приближување и контакт на водениот млаз со надземните водови. Особено да се обрне внимание и на силината и правецот на ветерот, нагласува „ЕВН Македонија”.

Како што се наведува во соопштението, во близина на електричните водови, цевките за наводнување во никој случај не смеат да се поставуваат вертикално, ниту при нивно празнење ниту при транспортот. Транспортот на останатата опрема за наводнување мора да биде во хоризонтална положба.

Причина за најголем број од сите фатални несреќи со електрична енергија во земјоделството е допирот со надземните електрични водови. За да се избегнат ваквите несреќи, „ЕВН Македонија” за мерките на претпазливост ги информира локалните самоуправи, надлежните институции и преку медиумите своите корисници и сите граѓани, информира „ЕВН Македонија”.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close