ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПАЗАРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Се продава кашкавал „збогатен“ со скроб
Македонските граѓани при секое патување во Бугарија често купуваат пити со квалитетен кашкавал, но деновиве во тамошните медиуми се појавија предупредувања дека на продажните места се почесто може да се најде кашкавал „збогатен“ со скроб. Тамошните млекопроизводителите велат дека вакава измама со замена на дел од млекото со компиров скроб се појавила повторно, и тоа во време кога во земјата престојуваат голем број на туристи во зимските ски центри и има зголемена побарувачка за кашкавал.
Според Здружението на млекопреработувачите во Бугарија, покрај досегашното додавање на палмово масло во млекото при производството на кашкавал, сега потрошувачите се измамуваат со додавање на скроб. Така, производната цена на кашкавалот значително се намалува, пишува бугарски „24 часа“. За килограм вистински кашкавал потребни се околу 10 литри млеко. Со трошоците за производство и ДДВ неговата цена е речиси 13 лева а килограм.
Во поевтините производи има разни додатоци на сметка на млекото. На овој начин, производната цена може да се намали на 4 лева, бидејќи употребеното млеко е помалку од половина, велат бугарските млекопроизведувачи за „24 часа“.
Истражувањето на здружението „Активни потрошувачи“ исто така потврдуваат дека на продажните места можат да се најдат кашкавали „збогатени“ со скроб. Нивните истражувања покажаат дека во продавниците има производи со повисоки нивоа на јаглени хидрати. Причината може да биде нецелосното зреење или додавање на скроб или друг полисахарид кој се користи како полнеж да се задржи повеќе вода.
Друг начин да се произведе лажен кашкавал е комбинација на сува млеко или протеин од сурутка во комбинација со хидрогенизирани растителни масти.