fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во 2023 година 12 милијарди денари за земјоделството

Целта на овој „историски најголем земјоделски буџет за 2023 година“, како што го нарече министерот Николовски, е обезбедност со храна и зголемено производство.

Со новиот државен буџет за 2023 година земјоделството добива околу 12 милијарди денари. Целта на овој „историски најголем земјоделски буџет за 2023 година“, како што го нарече министерот Николовски, е обезбедност со храна и зголемено производство, вели министерот Љупчо Николовски.

– Обезбедуваме историски најголем Буџет за земјоделството од околу 12 милијарди денари, што претставува значително зголемување споредено со 2022 година. Во 2023 година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика, ги почнуваме најголемите реформи во земјоделството преку петте клучни столба за 2023 година: новиот модел за субвенционирање, поддршка на малите семејни бизниси и малите семејни винарии, капитални водостопански инвестиции, модернизација на македонското земјоделство и нашиот главен приоритет пошумување и обнова на шумскиот фонд преку зелената транзиција. Наша цел е да имаме повеќе домашна храна, да бидеме увозно независни, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци, подвлече министерот Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close