fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во 2023 година стабилни цени на лебот и брашното

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката и пекарската индустрија се борат со сите можни зголемени трошоци за производство преку менаџирање на сопствените залихи на некој основен минимум, во очекување на намалени цени на пченицата што како услов би создало прилики за дополнителна стабилизација на цените и нивно намалување.

Граѓаните во 2023 година може да очекуваат стабилни цени на брашното и лебот, велат мелничарите. Тоа, нагласуваат, е последица, пред се, од донесувањето на владината Одлука со која на компаниите им се овозможи да плаќаат струја по 80 евра за мегават час.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката и пекарската индустрија се борат со сите можни зголемени трошоци за производство преку менаџирање на сопствените залихи на некој основен минимум, во очекување на намалени цени на пченицата што како услов би создало прилики за дополнителна стабилизација на цените и нивно намалување.

-Обезбедувањето струја по 80 евра за мегават час е правилна одлука што минусира еден негативен фактор поради кој се зголемуваат цените. Владата фактички спречи дополнителни зголемувања на малопродажните цени и ги намали за соодветниот трошок на електричната енергија, истакнува Малишиќ.

Според него, во изминативе денови, цените на берзите и се намалуваат и се зголемуваат, но генерално, се движат во истите рамки.

-Обезбедувањето струја по 80 евра за мегават час е правилна одлука што минусира еден негативен фактор поради кој се зголемуваат цените. Владата фактички спречи дополнителни зголемувања на малопродажните цени и ги намали за соодветниот трошок на електричната енергија, истакнува Малишиќ.

Според него, во изминативе денови, цените на берзите и се намалуваат и се зголемуваат, но генерално, се движат во истите рамки.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close