fbpx
ВестиТоп вести

Во Битола информативни средби за претставување на концепт земјоделски задруги

 

Македонската развојна фондација за претпријатија и претставници на CARE Германија-Луксембург започнаа со информативни средби со  земјоделци, земјоделски стопанства и земјоделски задруги во државата.  Целта е да се претстават предностите од здружувањето во задруги како и можностите за аплицирање за техничка и финансиска поддршка за формирање и за развој на земјоделски задруги во Македонија.

По вчерашната средба во полошкиот регион денес се одржува информативна сесија за претсатвници од пелагонискиот регион. Предвидени се да се одржат 20 вакви средби  низ целата држава.

Средбите  се  дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

Ц елта на проектот е да се постигне подобрување на законската регулатива за земјоделски задруги, да се промовира концептот на здружување за што е предвидена финансиска подршка од 1 милион евра.

Како успешен пример  се претставува земјоделската задруга Златна долина од Славонија, Хрватска. Станува збор за здружување на 13 селани уште во 2001 година за сега заеднички да имаат ветеринарна амбуланта, млекарница и продажен простор што освен за нивните потреби се користи и од други земјоделци.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close