fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Во Боговиње најевтина водата за пиење, во Кочани најскапа

Кубик вода за пиење во Боговиње плаќаат по 7,5 денари, а во Кочани по 49 денари“, истражување на Центарот за граѓански комуникации

Земјата годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење. Речиси половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај повеќето од нив и загубата на вода е поголема од 40 %, се наведува во анализата од истражувањето на цените и потрошувачката на водата за пиење во земјата на Центарот за граѓански комуникации.

„Во земјата има 67 снабдувачи со вода за пиење и секој си наплаќа своја цена за услугата. Повечето од нив немаат исти цени за домаќинствата и за другите потрошувачи, односно правните лица (фирми и институции).

Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње – 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани, дури 48,79 денари за кубик, што е 6,5 пати повеќе. Просечната цена на кубик вода за пиење во земјата е 27,49 денари.

Инаку, домаќинствата од Маврово плаќаат 2,6 денара за кубик, но и 210 денари фиксен месечен надоместок, поради што не се први на листата со најниска цена.

Меѓу првите пет општини со најниска цена на водата, четири се од Полошкиот Регион: Боговиње, Теарце, Желино и Врапчиште, а петтата е Росоман. Спротивно, најскапа вода плаќаат 4 општини од Источниот Регион: Кочани, Делчево, Пробиштип и Берово, како и Свети Николе“, се наведува во анализата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close