вестиМакедонијаТоп вести

Во Бугарија откриени над 27 илјади килограми турски пиперки и калинки полни со пестициди

Од почетокот на годинава  во Бугарија се откриени над 27 илјади килограми пиперки и калинки со пестициди, увезени од Турција.

Како што пишуваат тамошните медиуми, граничните контроли запреле влез на 13.618 килограми пиперки и 13.500 килограми калинки произведени во Турција , поради прекумерна содржина на пестициди. Ова, според  бугарската Агенција за храна е утврдено со лабораториски анализи.

-За овие пратки се преземени дејства согласно со законодавството. Количините пиперки се уништени, а калинките се вратени кај производителот. За овие откриени неправилности се издадени соопштенија согласно со законодавството, пишува НоваВест.бг.

Извор:вечерпрес.мк

Слични написи

Back to top button
Close