fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во една календарска година млекопроизводителите добија 700 милиони денари

Преку програмата за директни плаќања, во 2022 година е исплатено предаденото млеко за 15 месеци, односно за периодот Октомври 2020 – Декември 2021 година.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски за Зелена берза вели дека  субвенциите за млекото се навремено исплатени, и тоа како никогаш порано.

-Некаде во јуни / јули 2022 завршува аплицирањето за субвенциите, во случајот кај сточарите за обележани грла со говеда, овци или кози. Контролите на терен за овие мерки се вршат до 30.11.2022 година. Бидејќи мерката за произведено и предадено млеко е поврзана со мерките за основните грла, најпрвин се исплаќаат субенциите за грло крави, овци и кози, а потоа и премијата за млеко. Секако, за да ги добиете директни плаќања и за основно грло и за премија за млеко, состојбата на вашето стадо при вршење на контролите на терен треба да соодвествува со пријавениот број и ушни маркици.

Лично сметам дека во 2022 година силно ги поддржавме млекопроизводителите. Преку програмата за директни плаќања, во 2022 година е исплатено предаденото млеко за 15 месеци, односно за периодот Октомври 2020 – Декември 2021 година. Дополнително преку интервентниот фонд беше исплатена дополнителна поддршка за предадено млеко. Така, во една календарска година финансиската поддршка за млекопроизводителите изнесува 700 милиони денари, вели Бачовски.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close