fbpx
ВестиТоп вести

Во ЕУ годишно се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо

Годишно во Европската Унија се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо вредно 18,3 милијарди евра, а најголеми производители се Германија и Италија.

Податоците на Европската статистичка служба покажуваат дека Германија во 2017 година произвела 1,3 милиони тони, што сочинува 32 отсто од вкупното производство на чоколада во ЕУ.

Италија истата година произвела 0,7 милиони тони чоколада, а Франција и Холандија по 0,4 милиони, пишува Еурактив. На листата на водечки производители се и Британија, Белгија, Полска и Шпанија. Овие осум членки покриваат повеќе од 90 отсто од производството на чоколадо во ЕУ.


 

makfax.com

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close