fbpx
Вести

Секоja земја со свои навики за јадење

jadenje

Во некои земји одредени постапки се сметаат за неприфатливи, на друго место се исклучително убаво однесување, па така во Тајван подждригнувањето на маса е пожелно, во Франција салатата никогаш не се сече со нож. Во Мексико јадете со раце, во Португалија не барајте сол и црн пипер

Знаете ли како да се однесувате за време на оброците кога патувате во различни земји? Ви паднало ли некогаш на ум дека во Тајван подждригнувањето на маса е пожелно, дека во Венецуела сите доцнат на ручек и на вечера, а во Франција салатата никогаш не се сече со нож. Старата изрека вели „кога си во Рим, однесувај се како Римјаните“, а овие совети ќе би помогнат да го направите токму тоа.

Она што мора прво да го научите за време на патувањата е дека луѓето, земјите и градовите се разликуваат меѓу себе. И додека некаде одредени постапки се сметаат за неприфатливи, на друго место се перципираат како исклучително убаво однесување.

Во Мексико, на пример, не користете виљушка и нож додека јадете тако. Ова јадење се јаде мошне едноставно – со раце. Во Чиле ситуацијата е поинаква, овде јадењето со раце не се претпочита. Ако со оброкот добиете виљушка и нож, употребете ги.

Во Франција никако немојте салатата да ја сечете со нож, освен ако не сакате да бидете непристојни и сите да мислат дека сте многу лошо воспитани. Во Португалија некогаш не барајте сол и црн пипер, освен ако веќе не се поставени на масата. Португалците се многу горди на својата кујна, па ако им побарате каков било дополнителеен зачин, ќе ги навредите.

Кога сте во Јордан, на домаќинот немојте да му враќате празна шолја од кафе зашто тоа ќе значи дека сакате уште едно. Наместо тоа, благо затресете ја шолјата, со што ќе се покаже дека ви е доволно и не сакате повеќе.

Во Боливија, додека сте на трпеза, не почнувајте сериозни теми, а разговорот за работа одложете го за подоцна, по ручекот. Разговорот за пари и бизнис за време на јадење кај Боливијците предизвикува намуртени лица.

Во Венецуела, пак, слободно задоцнете на договорената вечера или ручек. Ако стигнете навреме, сите ќе мислат дека сте алчни. Дрвените стапчиња за јадење во Јапонија се составен дел од секојдневен живот на Јапонците, меѓутоа постојат строги правила за нивната употреба. На пример, никогаш за време на оброкот немојте стапчињата да ги оставате вкрстени или да боцкате вертикално во чинијата со ориз зашто тоа е обичај што се практикува за време на погреби.

Во Тајван немојте да се воздржувате од подждригнување. Со тоа ќе им дадете голем комплимент на домаќинот и на готвачот.

Во Јужна Кореја за непристојно се смета кога некој прв ќе почне да јаде. Подобро почекајте оние постарите први да почнат со својот оброк.

Во Етиопија поединечна чинија за секој човек на масата се смета за луксуз и за непотребно расфрлање. Таму храната се послужува во заедничка чинија со леб.


 

ти реков ми рече

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close