Вести
Во храната многумина гледаат шанса за свој бизнис
Во Србија постои голем интерес за почнување на сопствен бизнис, а најчесто се одлучуваат за бизнис од областа на производство на храна.
За почнување на ваков бизнис се одлучуваат младите, но и дел од постарите луѓе кои пред пензија останале без работа.
Луѓето размислуваат за дејност во која имаат искуство и познавања.
Мотивот на луѓето е алтернативно занимање, преку кое ќе заработат приход плус за себе и своето семејство.
Сепак претприемачите кои сакаат да почнат ваков бизнис мора да се прилагодат на регионот. Луѓето се заинтересирани за свој бизнис, но често пати немаат доволно информации.
За да се шири ваков бизнис потребни се нови луѓе и кооперативност.