Вести
Во индустриската зона во Кривогаштани ќе се гради фабрика за преработка на овошје и зеленчук
На површина од близу 20 илјади метри квадратни градежно земјиште во Индустриската зона „Славеј”, кое Компанијата „Стефан”, која се занимава со трговија на земјоделски производи и Агро заштита, пред неполна година го откупи од Министерството за транспорт и врски, ќе гради преработувачки комплекс за замрзнат зеленчук и пиперки. Првите седум одобренија за градба, беа доделени вчера од страна на градоначалникот на Кривогаштани, Тони Заткоски.
Според најавите, овој индустриски капацитет со работа треба да започне кон средината од годинава, и истиот треба да обезбеди стотина нови работни места.