fbpx
ВестиИнтервјуаМакедонијаТоп вести

„Синпекс“ Битола има сервисна служба без конкуренција

Панде Дамчевски -„Синпекс амбасадор“ во интервју за „Зелена берза“

Вреден земјоделец не ги остава полињата без жетва. Напротив, педа по педа земјата ќе ја сади, ќе ја обработува и накрај ќе го собере родот и ќе ги наполни амбарите. Токму таков млад земјоделец со идеја и визија за напредок е нашиот Панде Дамчевски (36), од битолското село Оптичари.

Дамчевски е новиот „Синпекс амбасадор“ кој поради својот личен успех како земјоделец и професионалната соработка со битолската компанија „Синпекс“- Битола, која трае речиси три децении ја доби оваа неформална „титула“ на амбасадор, што  значи соработка, доверба, пријателство.

„Синпекс“- Битола слави 30 години постоење, а во чест на големиот јубилеј на своите долгогодишни и лојални потрошувачи им оддава признание за соработката во минатото и денес, но и за онаа што заеднички ќе ја градат во иднина.

„Синпекс“ и „Зелена берза“ го посетија Дамчевски во неговиот дом во Оптичари, Битолско, а уште од патот, во семејниот двор вниманието ви го одвлекува новиот трактор John Deere од 105 КС.

Дамчевски со гордост раскажува дека соработката со „Синпекс“ ја започнал неговиот татко Златко пред 29 години, кога од сопственикот Славко Петровиќ го купил првиот трактор, а сега и тој успеал да го оствари својот сон и да биде сопственик на уште два трактори од брендот John Deere и друга приклучна  механизација и секако да ја продолжи соработката и пријателството со неговите деца Синиша и Христина.

На задоволство се присетува кога како дете често одел во ЗК Пелагонија каде работел неговиот татко и на моментите кога со трактористите на комбинатот имал шанса да седне во големите машини на John Deere. Вредните раце на Дамчевски му ги остварија неговите детски мечти.

 

*****

 

З.Б-„Синпекс“-Битола ве избра за свој „Синпекс амбасадор“ привилегија која ја добија избрани клиенти на фирмата заради долгогодишната успешна соработка, која значи лојалност, доверба и професионалност во секој поглед. Се сеќавате ли на првите средби со тимот на „Синпекс“ и како го доживувате ова деловно пријателство?

Дамчевски-Првиот трактор со комплетна механизација, мојот татко го купил уште во 1979 година, (ИМТ 533), од Славко Петровиќ. Таа соработка трае до ден денешен. Татко ми купи уште еден трактор (ИМТ 539), а за третиот јас пораснав и купив трактор од марката John Deere 5403 со 65 КС и најновиот John Deere 105 МЦ со 105 КС. Се сеќавам уште како дете, Славко со тогашниот директор на ЗК Пелагонија Вангел Гагачев, доаѓаше во комбинатот, а јас таму бев редовен кај татко ми на работа. Кога ќе ме видеше Славко ќе ми речеше: „Ај ти мало детенце донеси ми вода“. Овие сеќавање ми останаа и на задоволство се присетувам.

Сега децата на Славко секогаш ми излегуваат во пресрет за се’ што ми треба. За сите проблеми со кои се соочуваме во делот на механизацијата тие се тука за мене. Ние имаме заедничко разбирање, а „Синпекс“ знае како да ни помогне на нас земјоделците. Јас кога ќе одам во „Синпекс“ воопшто не читам, ако негде пишува ‘забранет влез’, за мене таму нема забрана.

З.Б-Што е она по што „Синпекс“ се издвојува од останатите?

Дамчевски-Конкуренцијата е голема за земјоделска механизација, но „Синпекс“ нема конкуренција, тука не мислам само на квалитетот на брендовите што ги продава, туку особено ја потенцирам услугата на сервис службата. Совршен, високо стручен кадар во сервисот. Довербата е голема, работиме и ќе продолжиме да работиме заедно, зошто сервисот на „Синпекс“ нема конкуренција. Лесно е да купиш трактор, ама тешко е да го одржуваш во кондиција. Затоа на сите мои пријатели, земјоделци им кажувам дека во „Синпекс“ ќе го направат сигурниот избор. Тие се сигурен партнер со стабилен сервис и можат на секој од нас да ни помогнат во тешките моменти во земјоделието. Ние во земјоделието се соочуваме со големи проблеми во текот на работата, а сервисот на „Синпекс“ навреме реагира, излегува на терен, на парцелата, ќе ја поправи механизација, за ние навреме да продолжиме со работа и да немаме големи загуби. Значи за секој поголем дефект од сервисот реагираат брзо, така што на секој земјоделец му значи кога следниот ден го започнува без проблеми.

З.Б-Вие сте еден од покрупните земјоделци во регионот, кога се мисли на обработливите површини. Што произведува семејството Дамчевски и што значи за вас окрупнување на земјиштето и нова земјоделска механизација?

Дамчевски-Оваа година обработувам поголеми површини на земја засадена претежно со пченка, дел од површините со пченица. Годишно произведувам 150 до 200 тони пченка во зависност од закупените површини. Од последната берба имам приноси од 10 тони по хектар. Пченката ја оставам во кошеви природно да се суши што е далеку поквалитетна отколку на нафта или плин, а тоа значи 1 денар повеќе на секој килограм. Инаку пченката оваа година ја продадов по 12 денари за килограм, што не е лоша цена. Еве годинава, заради пандемијата не направив извоз за Албанија.

Лани обработувавме повеќе земја, но годинава заради ситуацијата и нестабилноста во делот на закуп на земјата намаливме. Ако се смират состојбите до година ќе земам на обработка до 100 хектари земја, подготвен сум со потребната механизација. Ако тргне работата ќе купам нов уште посилен трактор John Deere до 200 КС. Кога земјоделец купува земјоделска механизација не се грижи за дефекти, работата му се олеснува, а голема е и заштедата, на време и на средства.

Што се однесува до приходите и трошоците во земјоделието, тие се вртат во круг.

Окрупнувањето на земјиштето мора да се реши, зошто малите и расцепкани површини ни прават проблем. Јас сум подготвен да дадам земја прва класа во замена за втора, само да имам големи парцели. Сега се работи на консолидација на земјиштето за селата Егри, Оптичари и Логоварди и се надевам ќе биде подобро.

З.Б-Како ја оценувате состојбата со земјоделието во нашата држава? Каква е иднината на младите земјоделци?

Дамчевски-Моменталната ситуација со земјоделието во државата е тешка и мора да му се даде поддршка на земјоделецот. Она што јас сметам дека е најважно е на младите земјоделци да им се додели земја, државна земја под концесија, зошто без тоа нема здрава стратегија.

Имавме неколку обиди од Владата да се стимулираат младите, да работат земјоделие, па им се даваа грантови. Ама јас не разбирам каков е тој земјоделец без земја. Сите фондови за младите за трактори и друга механизација беа тешко одобрувани и не беа доделувани на вистински млади земјоделци. Еве јас влегувам во категорија млад земјоделец, имав аплицирано, бев одбиен.

Сепак, јас се потпирам на мојот труд.

За крај би сакал да кажам дека за мене земјоделието е сепак посигурно во делот на егзистенцијата, отколку да кажеме некое вработување во фирма каде потпишувате договор за работа на секои три месеци. Изборот во земјоделието е поголем за оној што сака да работи.

З.Б-Колку на младите земјоделци им е потребна едукација?

Дамчевски-Мојата едукација во делот на земјоделието постојано ја  надоградувам за што голем удел во тоа има „Синпекс“- Битола. Заедно со вработените, како и земјоделци пријатели на „Синпекс“ бевме во Германија, во Србија на посета на фабрики и фарми.

Отидовме во фабриката на John Deere и директно се запознавме со процесот на производство на тракторите и земјоделската механизација и верувајте имаше што да се види. Механизацијата на John Deere е врв. Кај нас, луѓето за здравјето не се прегледани толку, колку во John Deere тракторите. Секој трактор е компјутерски контролиран. Таму стекнав и знаења за користење на механизацијата. Секој саем и секоја посета со „Синпекс“ ни носи нови знаења, ни отвора нови можности за напредок на земјоделието.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close