fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Турција планира засадување на 252 милиони стебла до крајот на оваа година

Ние му вдахнуваме живот на светот со засадување по три садници за секој од 84-те милиони, добиваме вкупно 252 милиони стебла

Турција вчера покрена иницијатива за засадување на 252 милиони стебла до крајот на оваа година, соопшти турското Министерство за земјоделство и шумарство, пренесува агенција Анадолија.

„На 11 ноември, на Националниот ден на пошумување, ние стануваме здивот на иднината“, истакна Министерството на Твитер.

„Ние му вдахнуваме живот на светот со засадување по три садници за секој од 84-те милиони, добиваме вкупно 252 милиони стебла“, додадоа тие.

Министерството ги покани сите граѓани да засадат садници во подрачјата на нивните градови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close