fbpx
Вести

Во кумановско помал интерес за мерката „Млад земјоделец“

Петнаесет земјоделци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане се пријавиле во утврдениот рок за користење средства од мерката „Млад земјоделец“, информираа надлежните од Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Оваа година се пријавиле значително помал број заинтересирани земјоделци во однос на претходната година. Младите земјоделци од овие три општини, објаснуваат од Подрачната единица, обично поседуваат земјиште и најчесто средствата од оваа мерка, приближно 90 проценти од земјоделците ги користат за набавка на механизација, трактори со приклучна механизација.

– Станува збор за земјоделци помлади од 40 години, кои помалку од 18 месеци се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и можеа да аплицираат за користење средства во вредност од 10.000 евра, сто проценти финансирани од државата, изјави Џабир Рамадани, виш соработник за земјоделство од Подрачната единица.

На јавниот повик за исплата на средства за подигање нови овошни и лозови насади во периодот од 2016 до пролетта 2017 година се пријавиле 19 земјоделци. Тие поднесуваат апликации за исплата на средства од вложените средства за подигање на нови овошни и лозови насади. Претежно, новите овошни насади се подигаат на подрачјето на општината Старо Нагоричане, а голем процент од новите овошни насади се лешници и ореви, но и кајсии и праски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close