fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Во Лажани ‘колење’ од корен-критики за „Сокотаб“

Зошто тутунарите не веруваат во реалната проценка на Второстепената комисија?

Тутунарите од Пелагонија и денеска се разочарани од лошите проценки на тутунот. Тутунар од Пелагонија пишува дека на откупен пункт во Лажани на „Сокотаб“ се врши “колење“ од корен.

Своите искуства од откупот тие ги споделуваат во групата Македонски тутунари, па пишуваат дека и денеска продолжува откупот, но со цени пониски од реалните.

Тутунарите се скептични околу можноста да повикаат Второстепена комисија доколку не се задоволни од проценката на тутунот. Според нив квалитетен тутун и денеска им се проценува за класа подолу, па нивните реакции се дека се оштетни, и скратена им е можноста за родот да ја добијат вистинската цена.

Од Иницијативниот одбор ги охрабруваат тутунарите да повикаат Второстепена комисија, за која добиле ветување дека таа ќе цени според реалните состојби.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close