fbpx
ВестиТоп вести

Во Македонија досега нема пријавен ниту еден случај на трихинела кај домашни свињи

Во Македонија досега нема пријавен ниту еден случај на трихинела кај домашни свињи, откако на крајот на минатата година беа потврдени 9 случаи на присуство на трихинела кај дивите свињи

Досега нема пријавен ниту еден случај на трихинела кај домашни свињи кои се испитуваат во кланица што значи дека ова месо е безбедно. Покрај редовната контрола кај домашните свињи кои се колат во кланица присуството на трихинела се испитува и кај дивите свињи кај кои во 2018 година беа потврдени 9 случаи во ловната сезона 2018/2019 година. Оваа болест на крајот на мината година беше раширена во повеќе земји во регионот, а во Србија имаше случаи и на заразени домашни свињи од трихинелоза.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во ловната сезона 2018/2019 заклучно со декември 2018 година, испратени и испитани се вкупно 170 примероци од диви свињи при што е утврдено присуство на трихинелоза во 9 примероци и тоа 5 позитивни примероци во регион на Радовиш, 2 позитивни примероци во регион на Крива Паланка, 1 позитивен примерок во регион на Валандово и 1 позитивен примерок во регионот на Тетово. Во сите случаи е постапено согласно законските прописи и месото од дивите свињи во кои е потврдено присуство на трихинелозата е уништено.
Трихинелозата е паразитска болест која претставува висок ризик по јавното здравје а може да предизвика и економски загуби. Станува збор за сериозна зооноза, односно болест која од животните може да се пренесе на луѓето. Кај луѓето болеста може да потекнува од консумирање сирови или недоволно термички обработено месо или месни производи од свињи, коњи, дивеч, мечки…
Како што информираат од АХВ месото добиено од домашни и диви свињи се смета за еден од највообичаените начини за пренесување на трихинелата кај луѓето. Кај луѓето болеста за последен пат е утврдена во 2008 година. Сепак сите заклани свињи кои се стават во промет за исхрана на луѓето се испитуваат на присуство на болеста. Досега нема пријавен ниту еден случај на трихинела кај домашни свињи кои се испитуваат во кланица, односно месото кое минува низ кланиците и се пласира на пазарот е безбедно од аспект на оваа болест. Кај луѓето, оваа болест за последен пат е утврдена во 2008 година.
Трихинелоза е болест која се развива во човечкото тело како резултат на воведувањето на паразитски ларви на трихинела. Луѓето се заразуваат со ларви трихинела со јадење на заразено месо од домашни и диви животни. Првите симптоми на трихинелоза се гастроинтестинални, обично се случуваат 1-2 дена откако едно лице се инфицира обично со сирово или недоволно третирано месо од животно инфицирано со трихинела. Класичните трихинелозни симптоми често се јавуваат во рок од 2 недели по јадење на контаминирано месо и може да траат до 8 недели при што може да се појават мускулна болка, треска, оток на лицето, слабост или замор, главоболка, чешање на кожата или исипување, кашлица, дијареја.
Месото треба да се третираат на најмалку 1 минута на 60 степени Целзусови. Замрзнувањето на месо не се препорачува како метода бидејќи некои видови се толерантни на замрзнување.
За се спречи ширењето на оваа болест кај домашните свињи од АХВ апелираат одгледувачите на свињи за домашна употреба да ги колат во одобрени кланици за таа намена каде што ќе се изврши преглед на месото на присуство на трихинела. Труповите од заловени или одгледувани диви свињи треба да се тестираат на присуство на трихинела во месото.

извор:вечерпрес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close