Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во општина Новаци во тек е тампонирање на полските патишта и најоштетените локални улици
Со Програмата за реконструкција и одржување на полски патишта за 2021 година ќе бидат опфатени 21 населено место со вкупна вредност на инвестицијата од 7.5 милиони денари , средства обезбедени од Буџет на општина новаци за 2021г.
Во општина Новаци во тек се градежни активности околу тампонирање на полските патишта и најоштетените локални улици во повеќе населени места .
Со Програмата за реконструкција и одржување на полски патишта за 2021 година ќе бидат опфатени 21 населено место со вкупна вредност на инвестицијата од 7.5 милиони денари , средства обезбедени од Буџет на општина новаци за 2021г.
Со тампонирањето се започна од с.Живојно а моментално во тек се градежни активности за тампонирање на локална улица во с.Добровени во должина од 250 м.
Според Градоначалникот Љубе Кузманоски со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во сите населени места во општината со што секоја година со овие Програми се подобрува и состојбата на локалната инфраструктура се олеснува сообраќајниот пристап до регионалните и другите локални патишта како и пристапот до земјоделските површини.
Веднаш по реализацијата на Програмата за реконструкција и одржување на полските патишта ќе се пристапи кон асфалтирање на локални улици и патишта по Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици.
Ниту едно населено место во општина Новаци нема да биде заборавено и запоставено. Започнуваме со градежна офанзива насекаде со што во целост ќе ги реализираме барањата на граѓаните.