fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ најавува: До крајот на мандатот ќе има нови капацитети за струја колку половина РЕК Битола

СДСМ најавува дека до крајот на мандатот на оваа влада во Македонија ќе има над 300 мегавати нов енергетски капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.

СДСМ најавува дека до крајот на мандатот на оваа влада во Македонија ќе има над 300 мегавати нов енергетски капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.

-Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски интензивно и динамично ја остварува енергетската трансформација на државата.По долготрајно стоење во место, во земјата се случува енергетска револуција.За само 10 месеци во државата се инсталирани енергетски капацитети од вкупно 141 мегавати и тоа 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати од ветер, 6 мегавати мали хидроелектрани и биогас.До крајот на мандатот ќе имаме над 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.За споредба тоа е неколку пати поголем инсталиран капацитет од сите досегашни инвестиции во изминатите три децении.

Сега значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, а нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа.Енергетскиот сектор добива нова сила, која значи сигурност за граѓаните и основа за развој на економијата, порачаа од СДСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close