
Во Пелагонискиот регион веќе се засадени 25 проценти од нивите со тутун
Годинава се склучени 33.000 договори со откупувачите за производство од 27.000 тони тутун на околу 14.000 хектари.
„Годинава се склучени 33.000 договори со откупувачите за производство од 27.000 тони тутун на околу 14.000 хектари. Тутунопроизводството останува исплатлива земјоделска гранка“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.
Во светот по Турција, Македонија е втор производител на ароматичен тутун. Има недостиг и тука е можноста да се постигне добра цена, велат од Сојузот на земјоделските здруженија.
„Моментално во светот се испорачуваат 100 илјади тони ароматичен тутун, а потребите се околу 130.000 тони. Има недостиг и се бара тутунот произведен во земјава. Сметам дека производството е исплатливо и конкурентно“, вели Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.
Најавени се измени во Законот за тутун во полза и на производителите и на откупувачите. Подготвена е предлог законската верзија со измените. Се очекува владината поддршка.