fbpx
Вести

Нов закон за Фитофармација – се унапредува процесот на заштита на производите и употребата на пестид

На вчерашната 104 седница на Владата на Република Македонија се усвои новиот Закон за фитофармација, предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со новиот закон значително се унапредува процесот на заштита на земјоделските производи, дополнително се регулира користењето на пестициди, а истовремено се поттикнува употребата на безпестицидни мерки.

За првпат се дозволува законска употреба на живи организми во борба со болести и штетници, како што се инсекти и други животни кои се хранат со штетниците на растенијата, а при тоа не ја загрозуваат животната средина. Се регулира и се дава можност за употреба на овие живи организми на т.н минорни култури, како магдонос, аспарагус, морков, лук. За овие култури досега не постоеше соодветна заштита од болести и штетници, поради што земјоделските производители трпеа огромни штети.

Исто така, дополнително се регулира работењето на земјоделските аптеки и се воспоставува законски основ за континуирано следење на безбедноста на храната и храната за животни во целосен ланец во растителното производство. За првпат се спроведува сертификација, обука и полагање на државен испит на советниците и лицата вработени во земјоделските аптеки, со што се гарантира стручноста на кадарот.

Дополнително, се забранува продавање на многу опасни хемикалии кои се користат како фитофармацевтски производи во земјоделските аптеки. На овој начин се става ред во слободната трговија на ЛАНЕТЕ и други пестициди со кои се трујат домашните миленичиња и бездомните животни.

Се креираат нови бази на податоци и се зголемува довербата во македонските производи, од аспект на безбедност и квалитет. За првпат се врши регистрација на фитофармацевтски производи кои се одобрени за употреба само во земјите членки на ЕУ, а се регистрираат и производите дозволени за употреба во органското производство со што се дава директен стимул на ова производство во Република Македонија. Се спроведува законско следење на пестицидите од граница до земјоделски производител преку интегриран информатички систем за купување и употреба на пестициди од сите чинители во системот.

 


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close