Во прилепско привршува издавањето на белите картони за новата тутунопроизводствена реколта
Во подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, како надлежно и за соседните општини Долнени и Кривогаштани, привршува издавањето на евиденционите листови т.н. бели картони со кои тутунарите го пријавуваат планираното производство за реколтата 2018-та.
Интересот е на приближно ланското ниво кога беа издадени 10.300 евдентни листови:
„До моментов П.Е. на Министерството, кое ги опфаќа и општините Кривогаштани и Долнени, има издадено 10.000 бели картони. Во споредба со лани б бројот е ист но зголемени се површините под тутун кои ги пријавуваат нашите земјоделци. Крајниот рок е до 31-ви март и затоа ги повикуваме тутунарите кои не извадиле бел картон да дојдат во подрачното министерство и да го пријават своето производство“, изјави раководителот на П.Е. на ресорното минстерство, Зоран Пачешкоск со дополнување дека се очекува да се стигне до приближно иста бројка на издадени бели картони но пријавени се повеќе површини во споредба со минатата годи на кога беа заседени 5.400 хектари а за оваа реколта се очекува да биде засаден тутун на околу 6.000 хектари.
Крајниот рок до кога тутунарите ќе мора да го пријават планираното производство е 31-ви март, а тутунарите на терен веќе ги започнаа подготовките за новата реколта. Но временските прилики не им одат од рака. Дождливото време, ниските температури па и преголемата влага во почвата, едноставно не дозволуваат да започне сеењето на тутунското семе во леите, операција со која стартува новата реколта.
Од друга страна тутунарите се во исчекување на почеток на исплата на субвенциите за минатогодишната реколта кои ќе се врши по новиит скалест модел 80 денари за првата, 70 денари за втората и 60 денари за третата и четвртата класа. Тие истовремено и сакаат да ги видат новите цени по класи во договорите кои бараат од откупувачите да бидат за 20% повисоки од мнатогодишната реколта чиј откуп заврши со преземени 23.500 тони тутун по просечна цена од 217,60 денари за килограм.