fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Раброво почна инсталирањето на канализацискиот систем

За реализација на горливиот проблем на локалното население преку Владата беа обезбедени околу 34 милиони денари за капиталниот проект

На жителите од валандовското село Раброво почна да им се решава деценискиот проблем по што конечно ќе бидат поврзани со фекална канализациска мрежа и колекторски систем за отпадни води кои беа нивни приоритетни барања.

За реализација на горливиот проблем на локалното население преку Владата беа обезбедени околу 34 милиони денари за капиталниот проект, кој после децениски заборав беше поставен на општинската приоритетна листа.

– Системот ќе содржи фекален колектор во должина од 1.659 метри и секундарна канализциска мрежа составена од 22 инсталациски краци чија вкупна должина ќе изнесува 4.570 метри.Со канализацискиот систем ќе бидат опфатени сите семејства и локации кои се предвидени со урбанистичкото проширување на Раброво, велат од општината. https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=439735

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close