Наместо есенски, се чини дека прво пристигнаа зимските температури, па така на Бјелашница денеска беа измрени минус 4 степени Целзиусови, објавува Прес24.мк
Во остатокот од Босна и Херцеговина е над 2 степени.
Сараевските метеоролози предупредуваат дека метеопатите може да почувствуваат мали потешкотии во утринските часови, претежно поради студеното време, зголемената облачност и појавата на магла.
Времето во Македонија пак во наредните неколку дена се очекува да биде умерено облачно со максимални температури до 23 степени целзиусови.
Утре, во утринските часови сè уште локално ќе има зголемена облачност, но преку денот облачноста ќе се намалува, информира УХМР.