Во регистерот корисници на субвенции има 65.000, а во системот на евидентирани над 100.000
Трипуновски - Нашата интенција е да го зголемиме производство и Македонија да не биде увозно-зависна за храна.
„Можам да кажам дека во секој сегмент во министерството има сериозни ситуации, има потешкотии. Практично, дел од админситрацијата е ставена во нефункционална зона. Тоа треба да се врати во нормала. Нашиот сектор е гломазен. Опфаќа повеќе категории на земјоделци. Во регистерот корисници на субвенции има 65.000, а во системот на евидентирани над 100.000 корисници. Голема категорија на луѓе. Нашата интенција е да го зголемиме производство и Македонија да не биде увозно-зависна за храна. Нашата програма е издржана. Не се фиктивни бројки и ќе почнеме да ги спроведуваме. Во моментов санираме тоа што го наследивме како тешка ситуација. Даваме се од себе. Никој нема да биде заборавен, нашиот фокус се земјоделците, они кои ја хранат нашата нација. И нормално извоз на македонски производ во другите земји.“ – вели за „Студио 10“ Цветан Трипуновски министер за земјоделство шумарство и водостопанство
Извор 24.mk