fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките

Сите региони се во стабилна состојба, информираат од Центарот за управување со кризи.

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.
Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.
Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Струмица, Тетово и Куманово нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките. Сите региони се во стабилна состојба, информираат од Центарот за управување со кризи.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close