fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Во Ресен поднесени 2.355 барања за обесштетување на насади со јаболка

Овоштарите од Преспа до Општина Ресен поднесоа 2.355 барања за обесштетување на оштетените насади со јаболка.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) за МИА потврдија дека евидентирањето на барањата за обесштетување е завршено, а наскоро ќе се формираат комисии за процена на реалната штета.

-По невремето и студениот бран што точно пред еден месец ја зафати Преспа, сега следува т.н. преоден период до стабилизација на климата за да се воочи како јаболковите насади ќе реагираат. Комисиите за проценка на реална штета на терен наскоро ќе бидат формирани и кон средината на идниот месец секој барател на обесштетување лично ќе биде посетен со цел да се изврши увид на штета врз овоштарник. Станува збор за стандардна процедура која се реализира на различни локации во Преспа бидејќи штетата врз јаболката не е секаде иста, изјави за МИА Горан Стефановски, раководител на работна единица при АПРЗ во Ресен.

Во Преспа и годинава најзастапена сорта на јаболка е ајдарет со 60 отсто од вкупните површини, а потоа следат и сортите муцо, златен делишес, црвен делишес, фуџи, чадел и други кои според агро-експертите некаде се целосно оштетени, но некаде јаболковите насади ќе се „изборат“ за нов јаболков род.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close