Во Срем еден хектар земја може да се купи за над 10.000 евра
Колку чинат нивите кај нас?!
Во Срем еден хектар земја може да се купи за над 10.000 евра во зависност од локацијата, пишува slobodenpecat.mk. Но, ако тоа земјиште е наменето за индустриска зона, цените по хектар се и до 20.000 евра, па и повеќе. За закупот на земјиштето и враќањето на земјиштето на старите сопственици во Срем, експертите велат:
– Во зависност од тоа каде и каква обработлива површина има во Срем, закупнината е од 250 до 350 евра по хектар. Најчесто земјиштето го издаваат повозрасни домаќинства. Тие ретко дури и ја продаваат земјата. Но, сопствениците на земјиштето, кои го наследиле или го добиле преку реституција, однапред го продале земјиштето пред да добијат решение дека им е вратено и дека тие се сопственици. Обработливото земјиште најмногу го купуваат оние кои гојат свињи и стока бидејќи немаат доволно храна од нивните ниви.
А на десниот брег на Сава, во Мачва, обработливото земјиште има висока цена и постојана побарувачка за откуп, главно од оние што гојат свињи, а ги има доста во Мачва, особено во најголемото село од овој регион покрај Дрина – Бадовинци. За состојбата во Мачва зборуваат селаните кои се запознаени со ситуацијата:
– Во Мачва, хектар земјиште се движи од 5.000 до 15.000 евра по хектар, во зависност од тоа каде е и за каква земја се работи. Големите производители на свињи кои гојат неколку илјади годишно не жалат што плаќаат и до 15.000 евра за добро земјиште до главниот пат, меѓу Бадовинаци и Мачвански Прњавор. На другиот крај на атарот, каде што почвата е со послаб квалитет и има помал пристап до полските патишта, хектар е пет до шест илјади евра. Најголемиот проблем што го имаат селаните во Бадовинци е што 220 домаќинства го поседуваат целото земјиште на левиот брег на Дрина, велат селаните.