Вести
Во штипско-карбинскиот регион откупени првите количини тутун
Во штипско-карбинскиот регион во тек е откупот на тутун. За само една недела откупени се девет тони тутун, информираат надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Штип.
Иван Барбашки повереник од Здружението на тутунари во штипско-карбинскиот регион вели дека квантитетот е ист како ланскиот, а квалитетот малку потфрлил, но очекуваат благо зголемување на откупната цена за 2 до 3 отсто.
-Со 10 денари за килограм сигурно ќе биде поскапа, за да може и понатака да се произведува тутунот во поголема количина. Сметаме дека од овој регион ќе се откупат од 130 до 140 тони тутун, вели Барбашки.