fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во странство по секоја цена – Македонците и во пандемија одат на сезонска работа

За работа во странство актуелни се Италија, Германија, Австрија Скандинавските земји, Швајцарија, Хрватска и Црна Гора, но од неодамна по долги години и Велика Британија.

Легално со работна виза или на црно,  граѓани од земјава заминуваат на сезонска работа во странство. Актуелни дестинации за работа се Италија, Германија, Австрија, Скандинавските земји, Швајцарија, Хрватска и Црна Гора, но од неодамна по долги години и Велика Британија.

Работат во фарми, на градежни објекти, како куќни помошници или негуватели на стари лица во угостителски објекти. Заработките се повисоки од оние кои би ги имале во земјава и за подобрите работни места и се движат од 800 до 1.500 евра.

Агенциите за вработување во странство велат дека и годинава, како и лани, многу помал е интересот за сезонска работа во странство.

– Дали граѓаните станаа попребирливи во барањето на работа или пандемијата ги направи помрзливи, сепак многу е помал интересот за сезонско вработување во странство од претходните години. Дополнително и неизвесноста околу отворањето и затворањето на границите и покомликуваниот влез во земјите го прават и испраќањето на работници поспецифично – вели Зоран Кочоски од Коузон.

Според него, поради мерките и пандемијата мала е побарувачката за работна сила во земјите каде што вообичаено одат нашите сограѓани.

– Германија, Италија, Австрија и Скандинавските земји и Швајцарија каде што вообичаено одат на привремена работа од земјите од Балканот сѐ уште се затворени. Малта за легално вработување целосно се затвори, дури и ги врати сезонците. Побарувачката во Хрватска и Црна Гора е преполовена. Ако во Хрватска оделе по 5.000 работници годинава најмногу што ќе може да заминат се 1.000 евра. Со еден збор, сѐ уште е неизвесно со пандемијата што влијае на работењето на угостителските објекти и градежните компании и намалената побарувачката за работници – вели Кочоски.

Моментално, додава тој, работна виза и сигурна работа има за сезонци во Велика Британија.

– По подолг период од 2005 година, Велика Британија повторно ја отвори програмата за вработување на сезонски работници од С Македонија. Се работи на фарма, односно на берба на овошје. Платите се солидни и се движат околу 1.400 до 1.500 евра, од кои може да се заштедат меѓу 800 и 1.000 евра месечно. Се работи 39 часа во неделата. Трошоците за стан и одредени даноци кои се плаќаат се некаде 650 евра. За нашите граѓани работната виза во Велика Британија чини околу 300 евра, а работата е обезбедена за шест месеци – додава Кочоски.https://plusinfo.mk/vo-stranstvo-po-seko-a-cena-makedoncite-i-vo-pandemi-a-odat-na-sezonska-rabota/

Слични написи

Back to top button
Close