fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Збогум на градините: ЕУ и Хрватска забрануваат автохтони и стари сорти на семе

Од земјоделците и одгледувачите на зеленчук ќе се бара да користат стандардизирани и униформни семиња, а употребата на стари и ретки сорти ќе се казнува, дури и кога се сее или сади во приватна градина, пишува Нови Лист.

По неодамнешната скандалозна одлука на Европската комисија за приватизација на водоснабдувањето, од Брисел ни доаѓа нов шок. Европската комисија ќе испрати нова регулатива до Европскиот парламент на 6 мај, со која се бара од земјоделците и одгледувачите на зеленчуци да направат задолжително користење на стандардизирани и униформни семиња, при што употребата на стари, ретки и автохтони сорти нема да бидат пуштени во продажба.

Европски организации за животна средина и бројни здруженија чии членови се обидуваат да ги зачуваат старите автохтони сорти на семе – кои веќе долго време биле трн во очите на мултинационалните компании – деновиве кренаа големa фама над намерата на Европската комисија, што може да го загрози суверенитетот на европските земји во зачувувањето на генетската разновидност.

Во моментов, трите најголеми корпорации – Монсанто, ДуПонт и Сингента – контролираат 53 проценти од светскиот пазар на семе.

Автохтоните сорти на семе, сепак, за разлика од овие „високо-приносни и интензивни“ сорти, се прилагодени на локалните околности. Покрај тоа што се далеку по вкусни и со повеќе хранливи материи, зеленчукот и овошјето од автохтоните сорти бараат помалку вода и ѓубриво и не треба да бидат заштитени со што повеќе хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, со што директно се намалува загадувањето на животната средина.

Благодарение на регулативата на Европската комисија, која ќе се применува и во Хрватска, автохтоните сорти што досега беа ослободени од европските правила брзо ќе исчезнат од полиците.

Оние кои не ја почитуваат регулативата, ќе бидат сериозно казнети, а оние кои сакаат да регистрираат свои семиња, ќе се соочат со несовладливи бирократски пречки, бидејќи предвиденото регулирање на регистрација на семе ги дискриминира автохтоните сорти во однос на индустриското семе, а со тоа се дискриминираат малите производители против на големите компании, поради што еколошките организации предупредуваат за претстојното исчезнување на домородните семиња.

Извор: Градина.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close