Во струмичко последниве години се зголемува бројот на земјоделски површини кои не се обработуваат, па нивите од струмичкото плодно поле стануваат пасишта, угари, ледини. Несигурниот пласман, ниските откупни цено но и иселувањето на цели семејства во странство , предизвика цели атараи да лежаат необработени и обраснати во треви. Дедо Ванчо Михајлов од Вељуса вели дека последниве години, неговите ниви не ги обработува оти нема со кој. Сите негови деца добиле бугарски пасоши и заминале во странство. Се обидел да работи со аргати но се соочил со несигурен пласман па сега или ги рента или му стојат како угари .
,,. Останавме само стари лица по струмичките села. Младите заминаа кој во Италија, кој во Швајцарија, кој во Англија. Јас лично имам повеќе од три хектари земјиште но џабе. Синот ми замина на печалба во Швајцарија а повремено оди и снаата со децата. И нивите ми лежат. А и зошто да останат кога нема ќар, ништо не е исплатливо. На времето беше поисплатливо. Одевме и на работа по фабрики а рабевме на нива. Имаше пласман. Сега никој нема по полето.,, раскажува дедо Ванчо
Михајлов кој важешесвоевремено за еден од поголемите производители во селото признава дека во струмичкиот регион ,,лежат’’ ниви и тоа од прва класа, каде своевремено се одгледувале црвени пиперки, феферени, бостан, домати. Сега тие се повеќе стануваат угари и преминуват во пасишта бидејки со години не се обрабоуваат. Трендот на заминување на младите во странство го остави и струмичко Вељуса без големи земјоделци
,, Низ полето во овој дел на струмичко се помалку можеш да видиш земјоделци. Абе да ти се слоши нема кој да ти помогне. Еве погледнете, цели земјоделски блокови се обраснати со треви. Нога не стапнала во нив повеќе години. Нема земјоделци, останавме повозрасните и го редуцираме производството. Да видете млади како рабоат по нивите е чиста премија ,, објаснува Кољо Миев од Вељуса кој подготвуваше три пластеника за пролетна зелка
Дека од година во година растат земјоделските површини кои не се обработуваат, истакнуваат и од земјоделските здруженија. Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделски производители, посочува дека една третина од нивите во струмичкото поле не се работат и со години лежат како угари и стануваат пасишта.
,, Не само во струмичко, туку и во цела Македонија се зголемува бројот на земјоделски површини што не се обработуваат. 30 до 40 насто од површините во Македонија наменети за одгледување на земјоделски култури не се засадуваат. Имаме лоша стратегија во аграрот бидејки земјоделското производство станува неисплатлив бизнис. Второ последниве години се врши пренамена на земјоделското во градежно неизградено земјиште за индустриски зони а дел од нивите преминуваат во сепарации за ископ на чакал и песок,, вели Ристо Велков
Последниве години државата значително ги зголеми субвенциите кон земјоделците за засадени површини Секоја година се исплаќаат стотина милиони евра по тој основ, со цел земјоделците да го развијат и прошират својот бизнис.
,, Субвенциите немат развојна компонента. Во последниве години ниту се зголеми земјоделското производство ниту површините. Потребна е соодветна распределба и контрола на делењето државна финансиска помош која ке има за цел зголемување на земјоделското производство, оти на терен, површини лежат со години необработувани а се делаат субвенции,, потенцираше Велков
Државниот завод за статистика објави дека во 2014 година во Македонија има дури 134 илјади хектари земјоделско земјиште кое не се обработува, што преставува дури една третина од вкупното земјоделско земјиште во земјава. Понови податоци нема. Паралелно ова институција објави дека увозот на храна и живи животни контуинирано расте. Во 2014 година по овој основ од земјава се излеле 685 милиони долари наспроти во 2003 кога увозот на храна изнесувал 363 милиони долари
Ване Трајков