fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во судир на трактор и кола тројца повредени

Синоќа во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, управуван од З.Б.(61) од с.Карамани, битолско и патничко возило „опел фронтера“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(29) од Битола.

Синоќа во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, управуван од З.Б.(61) од с.Карамани, битолско и патничко возило „опел фронтера“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(29) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Б., додека Д.Ч. и неговата сопатничка А.Ч.(25) од Битола се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа од Полициската станица Битола.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close