fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Лошите политики и незадоволството на земјоделците ги бркаат младите од селата, а со тоа прети опасност дека во следните децении нема да има кој да произведува храна во земјава.

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики и незадоволството на земјоделците ги бркаат младите од селата, а со тоа прети опасност дека во следните децении нема да има кој да произведува храна во земјава.

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Може да произведува и големи количини пченка и пченица, ама поради ниските откупни цени, вели дека со години работи со загуби. Лани пченицата ја дал за 11 денари по килограм, а годинава со вртоглавиот раст на вештачките ѓубрива и нафтата, пресметал дека само призводството ќе го чини 22 денари, за килограм пченица.

„Ако оваа година, не се излезе во пресрет на земјоделците, да можеме некој денар барем да преживееме, во година, во Македонија ќе нема пченица. Ова го тврдам сигурно. Затоа што оваа година посеани се овие пченици што ги гледате, есента не знаевме дека вака ќе биди со вештачкото ѓубре. Јас да знаев дека вака ќе биде, немаше да посеам пченица“, вели Синани.

Нафтата, која се користи за земјоделската механизација, е поскапена за речиси двојно од лани. Недостигот од вештачките губрива и неколкукратниот раст на цената почна да се навестува со почетокот на руската воена агресија врз Украина. Русија е еден од најголемите негови производители. Ако нема ѓубриво, приносите ќе бидат уште помали, алармираат сега земјоделците.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close